Крај за ЖРК Чаир и за ЖРК Куманово во ЕХФ купот

Ракометните претставници на Македонија во женскиот ЕХФ куп ЖРК Чаир и ЖРК Куманово ги завршија своите настапи уште во првото коло од ова натпреварување.

Чаирчанки не успеаја да ја анулираат негативата од три гола од првиот меч словенечка Ајдовчина откако и вечерва загубија на домашен терен со 27-33. Taхани Амар со девет гола беше прво име во македонскиот тим, додека кај победникот Ивона Барукчиќ постигна 13 гола.

ЖРК Куманово не успеа да ја анулира негативата од седум гола од првиот меч против литванска Гарлиава иако денеска на домашен терен славеше со минимални 32-31. Кумановки иако скоро цел меч беа во негатива на крајот успеаја да се изборат и да стигнат барем до почесна победа. Мителштад со 11 и Азеведо со десет гола беа најефикасни во нашиот табор, додека кај победникот Устилаите исто така постигна 11 гола.

Се вчитува...