Ракометарките на Вардар очекувано славеа победа против ЖРК Металург со 46-24 и ја освоија шестата титула во Купот на Македонија, петта во серија. За вардарки ова беше официјално и последен натпревар во овој состав кој со одлука на раководството на клубот, се растура на крајот на сезоната.
Ракометарките од ѕвездениот тим на Вардар кој пет пати по ред играше во завршницата од Лигата на шампионите, го напуштаат Скопје и од следната сезона продолжуваат во нови клубови.
Финалето во Купот на Македонија, беше проштален натпревар за руската голманка Ина Суслина беше која реши да стави крај на богатата кариера од која последните шест години ги мина на голот на Вардар.
Вардарки во изминативе пет години беа без конкуренција на македонската сцена, а доминираа и на последното финале против Металург. На полувремето „црвено-црните“ имаа предност од 19-12, а потоа рутински ја зголемуваа предноста и во завршниот дел за уште една убедлива победа и за шесттата Куп титула.
Во полуфиналните дуели, ЖРК Вардар беше надмоќен против Пелистер (58-27), а ЖРК Металург по изведување на пенали го победи Вардар јуниор (26-25, 20-20). Претходно, вардарки ја прославија и шестата титула во шампионатот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА