Краковија го враќа Јани Атанасов по само шест месеци!?

После само шест месеци, македонскиот интернационалец Јани Атанасов од Лариса би можел да се врати во Полска, и тоа во тимот на Краковија. Според полските медиуми, Краковија веќе почнала преговори за „кам-бек“ на Македонецот назад, кој во јуни потпиша за грчката екипа договор до 2027 година.

Сепак, полскиот клуб ја сфати грешката, и сака одново да заигра во своите редови. Челниците на Краковија се надеваат дека ќе може да успеат во оваа мисија, иако за него има интерес и од неколку други полски клубови.

Атанасова настапуваше во Краковија од 2023 до 2025 година, а оваа година мина и на позајмица во Пушча Ниеполомице. Одигра 68 меча во полскиот шампионат за оваа екипа. Претходно играше за Хајдук, Бурсаспор и Академија Пандев. За репрезентацијата на Македонија одигра 29 меча, и постигна три гола.

Се вчитува...