Шпанската Фудбалска Федерација денеска објави дека Хозе Санчез Мартинез ќе биде главен судија на претстојното дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, навлекувајќи го со тоа бесот на приврзаниците на „кралскиот клуб“.
Имено, токму Мартинез ја делеше правдата и на последното ланско „Ел Класико“, дуел што Барса го доби како гостин со 0-3. Главниот арбитар досуди пенал за каталонскиот гигант, му покажа и црвен картон на Карвахал, па иако двете одлуки беа сосема исправни „кралевите“ сепак се разочарани што тој повторно е избран за арбитража на најголемото европско фудбалско дерби. Причина за ова е фактот дека Мартинез во кариерата ниту еднаш не покажал црвен картон на фудбалер на Барселона, додека од „кралскиот клуб“ поцрвене и Матео Ковачиќ, на дуелот со Валенсија во 2016 година.
Инаку, Мартинез му донесе среќа на клубот од Мадрид на дуелот од Супер-купот на Шпанија минатата сезона, кога Реал ја победи Барселона со 2-0 со головите на Асенсио и на Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА