Кралевите бесни на судијата: Не знам што гледаше овој господин!

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го коментираше натпреварот против Баерн Минхен пред реваншот, а се осврна и на судиите. Баерн победи со 1-2 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и, според многумина, ја заслужи победата, но Арбелоа верува дека можеше да биде поинаку.

Поточно, тој се осврна на одлуките на судијата, за жолтиот картон доделен на Аурелиен Чуамени и непдосудениот црвен картон за прекршок врз Килијан Мбапе.

„Ќе биде важно отсуство. Не знам што виде судијата вечерва, а особено што виде во таа ситуација со Аурелиен. Сепак, имаме други играчи кои можат да го заменат. Исто така, не разбирам како судијата не покажа црвен картон по остриот старт против Мбапе во второто полувреме. Тоа се одлуки кои се тешки за разбирање“, изјави Арбелоа.

Се вчитува...