Реал Мадрид продолжува со одличните игри сезонава во домашниот шампионат. Избраниците на Карло Анчелоти вечерва без поголеми проблеми славеа на гостувањето кај Елче со 0-3 во натпревар од 10. коло во Ла лига.
„Кралевите“ постигнаа на овој меч три гола, а ВАР им поништи уште толку. Валверде во 11. минута донесе водство од 0-1, откако пет минути претходно по ВАР беше поништен погодокот на Карим Бензема. До крајот на првиот дел ВАР му поништи погодок и на Давид Алаба. Третиот поништен погодок со ВАР се случи во 61. минута кога Бензема беше во недозволена позиција.
Сепак, до крајот Бензема во 75. и Асенсио во 89. минута ги поставија конечните 0-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

