„Кралевите“ доминираат како никогаш во Евролигата, Олимпијакос го освои Минхен

Кошаркарите на Реал Мадрид продолжуваат со тоталната доминација сезонава во Евролигата доаѓајќи и до 22-та победа, наспроти само три порази низ досегашниот тек за убедливо прво место на табелата.

Во 25. коло „кралевите“ на домашен терен славеа против Лион-Вилербан со 86-79, во меч кој беше решен во првото полувреме кое Реал го доби со 45-35.

Јабуселе со 26 поени беше најдобриот поединец во победничкиот состав, а Ли со 23 поени беше најдобар кај Вилербан.

Олимпијакос славеше со 72-76 на гостувањето против Баерн Минхен, предводен од Томас Волкап со 18 постигнати поени.

Басконија, пак, победи со 92-82 против Макаби Тел Авив. Хауард со 26 поени беше најдобриот поединец во шпанскиот тим.

Се вчитува...