Поранешниот кошаркар на Торонто Репторс, Бруно Фернандо, потпиша договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната 2025-2026, соопшти шпанскиот клуб. Фернандо има 26 години и е репрезентативец на Ангола. Игра на позициите центар и крилен центар.
Бруно неодамна се раздели со Торонто Репторс. Тој беше член на канадскиот тим од летото и имаше просек од 3,4 поени и 3 скока по натпревар. Претхондо играше и за Атланта Хоукс, Хјустон Рокетс и Бостон Селтикс, со периоди во развојната лига.
Фернандо претходно играше за Мериленд во колеџ конкуренција од 2017 до 2019 година, кога беше избран како 34. пик од Филаделфија 76, но веднаш трејдуван во Атланта Хоукс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

