Реал Мадрид доживеа дебакл на „Сантијаго Бернабеу“ откако вечерва загуби од Бетис со 0-1. Овој пораз доаѓа во многу лош момент ако се знае дека „кралевите“ веќе имаат негатива од седум бода во однос на Барселона, по само пет одиграни кола во Ла Лига.
Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва требаше да го урнат рекордот на Пеле и бразилскиот тим Сантош, но не успеаја во тоа. Застанаа на 73 мечеви на кои последователно постигнаа голови, исто колку и тимот на Сантош, во периодот кога Пеле беше нивен предводник. Вечерва и Кристијано Роналдо се врати во составот по суспензијата, но не му одеше ниту на Португалецот, ниту на останатите играчи од шампионот на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА