„Кралевите“ го добија дербито со Фенербахче, Олимпијакос сигурен против АСВЕЛ

Кошаркарите на Реал Мадрид славеа на домашен терен против Фенербахче со 90-75 во дерби натпреварот од 31. коло од регуларниот дел од сезоната во Евролигата. Првите две четвртини двата тима ни прикажаа голема борба во која за нијанса подобри беа домаќините кои на пауза заминаа со предност од плус пет (49-44).

Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за конечни 90-75. Џанан Муса со шеснаесет поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Хејс заврши со 17 поени.

Лидерот на табелата во елитното натпреварување Олимпијакос ја оправда фаворитската улога совладувајќи го францускиот АСВЕЛ на домашен терен со убедливи 81-55. Двоецот Мекисик и Валкуп со по 11 поени беше најпрецизен во таборот на победникот, додека кај поразените Обасохан постигна 12 поени.

 

Се вчитува...