„Кралевите“ го добија првото „кошаркарско Ел-класико“

Реал Мадрид славеше во првото кошаркарско „Ел класико“ сезонава откако во шпанскиот Суперкуп по продолженија славеше над Барселона со …

Барселона одлично одигра во првото полувреме и на пауза замина со предност од осум поени (29-37). Кралевите одиграа фуриозна трета четвртина во која направија целосен пресврт и по 30 минути игра имаа предност од 55-49.

Барселона успеа да се врати во последниот период и да го одведе натпреварот во продолженија (71-71). Таму „кралевите“ подобро се снајдоа и стигнаа до првиот трофеј сезонава.

Таварес со 24 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените недоволен беше 21 поен на Санли.

Се вчитува...