„Кралевите“ го купуваат Паласиос од Ривер Плата

Европскиот првак Реал Мадрид тргна во реновирање на тимот за следната сезона. По очајните изданија на дел од фудбалерите во средниот ред, раководството на „кралскиот клуб“ реагираше и даде понуда за Аргентинецот Езекиел Паласиос. Тој е член на Ривер Плата и еден од најпосакуваните фудбалери од Јужна Америка, а шпанските медиуми откриваат дека веќе е склучен договор Паласиос за 20 милиони евра следното лето да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Играчот за врска треба да потпише петгодишен договор со Реал Мадрид. Доколку овој трансфер и официјално се реализира, „кралскиот клуб“ ќе успее да ги надмудри Барселона и Атлетико Мадрид, кои исто така покажуваат интерес за Езекиел Паласиос.

Се вчитува...