Реал Мадрид стигна до тешка победа на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда совладувајќи ја со 67-73. Домаќините подобро го отворија натпреварот. Го контролираа мечот во текот на целото прво полувреме, по што на пауза заминаа со плус шест (42-36).
Клучна во натпреварот беше третата четвртина во која „кралевите“ на кошаркарите на Звезда и дозволија само 11 поени, и успеаја да дојдат до целосен пресврт по 30 минути игра (53-59). Во последната четвртина гостите подобро се снајдоа во лошиот напаѓачки период и успеаја да дојдат до конечен триумф од 67-73.
Треј Томпкинс со 14 поени и Ентони Рендолф со еден помалку беа најдобри во таборот на победниците, додека кај белграѓани се истакна Џордан Лојд со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА