Реал Мадрид можеби е во криза во Шпанија, но во Лигата на шампионите игра беспрекорно. „Кралевите“ успеаја да го покорат Дортмунд, за првпат во историјата си одат со песна од „Сигнал Идуна парк“. Герет Бејл го отвори резултатот со прекрасен волеј, во вториот дел Роналдо постигна два гола, а Обамејанг беше стрелец за „милионерите“. Но, за Борусија Дортмунд во првото полувреме не беше досуден пенал откако Серхио Рамос играше со рака во петерецот.
Тотенхем без проблеми си победи на Кипар против АПОЕЛ. Покетино немаше седум првотимци, но го имаше Хари Кејн кој постигна хет – трик, прв за него во ЛШ.
Манчестер сити и Наполи си ја одработија задачата дома во групата Ф. „Граѓаните“ во второто полувреме го решија Шахтјор Доњецк со 2-0, со головите на Де Бруин и Стерлинг, а Агуеро не реализира пенал. „Наполитанците“ со 3-1 го победија Феенорд. Инсиње, Мертенс и Калјехон беа стрелци за италијанскиот тим, Торнстра не реализира пенал, а Амрабат погоди во финишот за Феенорд.
Ливерпул одигра само 1-1 на гостувањето кај Спартак Москва. Домаќините поведоа по слободниот удар на Фернандо, а од бројните шанси Ливерпул искористи само една преку Кутињо во 31.минута. Севилја беше убедлива против Марибор, а и Порто на гости со 0-3 го декласира Монако.
Лига шампиони, резултати
Група Е: Севилја – Марибор 3-0, Спартак Москва – Ливерпул 1-1
Група Ф: Манчестер сити 2-0, Наполи – Феенорд 3-1
Група Г: Бешикташ – Лајпциг 2-0, Монако – Порто 0-3
Група Х: АПОЕЛ – Тотенхем 0-3, Борусија Д. – Реал Мадрид 1-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА