Европскиот првак Реал Мадрид одлучи да го продаде играчот од средниот ред Рениер. Тимот од Мадрид со тоа сака да врати барем дел од вложените средства во него, откако го плати 30 милиони евра во 2020 година.
Рениер не одигра ниту еден официјален меч, и беше позајмуван во Борусија Дортмунд, Жирона и Фросиноне.
Доколку не успее да дојде до посакуваната цена, тогаш е можно повторно да оди на позајмица, но за него и дефинитивно нема иднина во таборот на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

