Дали да биде Давид де Хеа, Тибо Куртоа или Алисон Бекер…Дилемата за нов голман е актуелна во Реал Мадрид, а додека се бара наследникот на Кејлор Навас, на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна еден од најталентираните млади голмани во Европа, Андриј Лунин. Тој доаѓа од украинскиот клуб Зорја и потпиша шестгодишен договор со „кралскиот клуб“.
Зорја доби 8,5 милиони евра отштета за Лунин, со клаузула за дополнителни 4 милиони евра кога младиот голман ќе добие статус на првотимец. Лунин ќе се појави на стартот на летните подготовки со првиот тим на Хулен Лопетеги, а потоа ќе биде одлучено дали ќе остане во сениорскиот погон или пак ќе биде префрлен во Реал Мадрид Кастилја, каде ќе треба да се привикне и да се докаже.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА