„Кралевите“ го сакаат назад Маријано Дијаз

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе се обиде да го засили нападот до крајот на летниот преоден рок, но тоа нема да биде некое спектакуларно ново име на „Сантијаго Бернабеу“. Според најавите од Пиринеите, „кралскиот клуб“ е подготвен да го врати во своите редови Маријано Дијаз, напаѓачот кој беше продаден во Лион, откако не доби можност за докажување во Мадрид.

Но, Дијаз одигра одлично во Франција, и сега би можел да се врати во Реал Мадрид за сума од 20 милиони евра. Претходно, тој замина за 8 милиони евра, а „кралевите“ се уште имаат 35% право на сопственост на овој фудбалер. Тренерот Хулен Лопетеги се надева дека младиот Дијаз би можел да биде „џокер“ од клупата во оваа сезона.

Се вчитува...