Реал Мадрид оствари триумф (1-3) на гости против Леганес во заостанатиот меч од Ла Лига, и се врати на третото место на табелата со 48 бода. Тренерот Зинедин Зидан на овој натпревар му даде одмор на Кристијано Роналдо, но и без него „кралевите“ стигнаа до планираните бодови.
Леганес прв дојде во водство со голот на Бустинза во шестата минута, но „кралскиот одговор“ следеше уште во првиот дел. Лукас Васкез во 11.минута го израмни резултатот, а Кашемиро во 29.минута направи целосен пресврт. Во 90.минута, Серхио Рамос од пенал го постави конечниот епилог.
Интересно е дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, на овој меч стана фудбалер со најмногу жолти картони во историјата на Ла Лига, вкупно 163.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА