Експедициите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед попладнево, со авиони кои слетаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во период од само 30 минути разлика, пристигнаа во Македонија каде утре од 20:45 часот на „Телеком арената“ ги очекува судирот во УЕФА Суперкупот.
„Црвените ѓаволи“ први пристигнаа во Скопје и веднаш од главната аеродромска писта со полициски придружба се упатија кон „ТЦЦ Плаза“ каде ќе бидат сместени во очекување на утрешната пресметка.
„Кралевите“, пак, слетаа 30 минути подоцна директно упатувајќи се кон „Александар Палас“ каде веќе ги чекаат бројни нивни навивачи од Македонија и регионот…
Манчестер јунајтед од 16:45 часот во прес-центарот на „Телеком арената“ ќе ја има официјалната прес-конференција, по што ќе го одработи и тренингот, а прес-конференцијата на Реал Мадрид е закажана од 18:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА