Реал Мадрид ремизираше 1-1 против Тотенхем на „Сантијаго Бернабеу“ во Лигата на шампионите, а со тоа стигна и до најслабиот старт на домашен терен во последните две децении. На „кралевите“ дефинитивно не им оди најдобро на „Сантијаго Бернабеу“ оваа сезона, со оглед дека имаат ефект од три победи, три ремија и еден пораз.
Момците на тренерот Зинедин Зидан постигнаа 11 голови од вкупно 150 шутеви кон противничкиот гол, што значи дека реализацијата е голем проблем. Од нив вкупно 55 шутеви ги погодија рамките од противничкиот гол.
Последен пат, ваков неубедлив старт на натпреварите на домашен терен Реал Мадрид имал во далечната 1998 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА