Велшкиот интернационалец Герет Бејл ја разгледува можноста за заминување од „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, со оглед дека немаше доволна минутажа во составот минатата сезона. Се мачеше и со повреди, но во финалето на Лигата на шампионите постигна два гола и покажа дека е фудбалер од врвна класа. Реал Мадрид ја одреди цената за негова продажба.
Клубот што е заинтересиран да го купи Герет Бејл во овој летен преоден рок, ќе треба да плати 150 милиони евра отштета. „Кралскиот клуб“ нема намера лесно да се откаже од услугите на Велшанецот и ќе сака да врати вложените средства во него. Неговата вредност повторно скокна по одличниот настап во финалната пресметка од Лигата на шампионите против Ливерпул.
Бејл пред пет години пристигна од Тотенхем во Реал Мадрид за сума од 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА