Реал Мадрид успеа да ја освои Атина совладувајќи го Олимпиакос во трилер натпревар по продолженија со 82-86. Првото полувреме помина во израмнета игра, а на пауза гостите заминаа со само еден поен предност (30-31). Одличната игра во одбрана од двете екипи продолжи и во вториот дел, а по 40 минути резултатот беше израмнет 69-69. Во продолжението „кралевите“ подобро се снајдоа и стигнаа до триумф од 82-86.
Николас Лапровитола со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Шекил Меккисик и Хасан Мартин уфрлија по 18.
Баерн Минхен продолжува со одличните игри сезонава во Евролигата. Баварците овојпат беа подобри од шпанска Басконија со 77-66. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Џејлен Рејнолдс со 21 поен, додека Вејд Болдвин уфрли 17. Кај поразените Зоран Драгиќ заврши со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА