Реал Мадрид ја продолжи агонијата на литванската гордост Жалгирис совладувајќи го 95-82 во 9. коло од годинашното издание на кошаркарската Евролига. Кралевите стартуваа одлично и веќе по десет минути игра имаа предност од 20-11.
Литванскиот тим одигра добро во вториот период и на полувреме замина со негатива од само 51-45. И третата четвртина помина во егал, но сепак во последните десет минути дојде до израз разликата во квалитет и на крајот шпанскиот тим стигна до рутински триумф од 95-82.
Најдобар поединец кај победникот беше Јабуселе со 15 поени, додека кај поразените Каваног заврши со 14.
Во вториот меч од вечерната програма Монако без поголеми проблеми славеше над Баерн Минхен со 94-71.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА