Реал Мадрид продолжува со одличните партии сезонава во домашното првенство. Следна на менито на „кралевите“ беше Севилја која ја совладаа со 3-1 во последниот натпревар од денешната понуда во 11. коло од Ла лига.
Домаќините уште во 5. минута стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Лука Модриќ. Севилја израмни на 1-1 преку Ламела во 54. минута. Повторно во водство „кралскиот клуб“ го донесе Лукас Васкез во 79. минута, додека конечните 3-1 ги постави Феде Валверде две минути подоцна.
Пред почетокот на мечот поранешните освојувачи на „Златната топка“ Зинедин Зидан и Лука Модриќ му го предадоа признанието на добитникот од оваа сезона, Карим Бензема кој поради повреда не настапи за својот тим на вечерашниот натпревар.
Real Madrid [3] – 1 Sevilla – Federico Valverde great goal 81'
byu/alexinup insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

