„Кралевите“ ја уништија Барселона и поведоа во финалето на шпанското првенство.

Реал Мадрид поведува со 1-0 во финалната серија против Барселона во кошаркарската лига на Шпанија, откако вечерва на гостински терен славеше со убедливи 75-88.

„Кралевите“ кои се уште се без својот тренер Пабло Ласо фуриозно го стартуваа мечот и веќе по десет минути игра имаа плус тринаесет (17-30). Во вториот период продолжи одличната игра на гостите кои веќе на полувреме ја имаа осигурано победата (31-49). Во второто полувреме Реал Мадрид одигра одлично и во третиот период па по 30 минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 51-74.

Каталонците одлично го отворија последниот период и со серија од 12-0 успеаја да дојдат на колку толку пристојни минус единаесет (63-74).  Сепак, тоа беше се од домашниот тим. Гостите се созедоа и стигнаа до конечен триумф од 75-88.

Дек со 18 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Лапровитола заврши со 15.

 

Вториот натпревар кој исто така ќе се игра во Барселона е закажан за в среда.

Се вчитува...