„Кралевите“ му симнуваат капа на тренерот на Партизан: Пењароја прави чуда

Пред дуелот од четвртото коло во кошаркарската Евролига меѓу Реал Мадрид кој ќе ја брка првата победа и Партизан кој, пак, ќе сака да ја продолжи победничката серија, тренерот на Кралевите има само комплименти за неговиот колега.

Тренерот на Реал Мадрид, Педро Мартинез, смета дека Жоан Пењароја, прави чуда со „црно-белите“, кои сезоната ја стартуваа со три победи во првите три кола.

„Жоан е многу добар тренер и оваа сезона со Партизан прави неверојатни работи. Минатата сезона заврши голема работа откако ја презеде екипата во тежок период. Тие се одличен противник кој игра одлично и не очекува тежок натпревар. Играат агресивно во одбраната и се незгоден противник“, изјави Мартинез.

Изненадувачки, Реал Мадрид, кој е актуелен вицешампион, во првите три кола доживеа три порази и тоа од Дубаи (78:77), Анадолу Ефес (94:84) и од Хапоел Тел Авив (102:98).

Партизан, пак, во првите три кола беше подобар од Милано (92:76), Париз (92:79) и Баерн (86:84).

Се вчитува...