Европскиот првак Реал Мадрид е актуелен бранител на трофејот во Суперкупот на Европа, освоен лани во Трондхајм. „Кралевите“ минатата година ја совладаа Севилја со 3-2 по продолженија, откако Серхио Рамос даде гол за израмнување во 93.минута, а Дани Карвахал го постигна победничкиот погодок во 119.минута од дуелот.
Избраниците на Зинедин Зидан порачуваат дека се подготвени за одбрана на трофејот.
„Дојдовме да победиме и да освоиме нов трофеј. Реал Мадрид секогаш оди на победа“, изјави капитенот Серхио Рамос, на вчерашната прес – конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА