„Кралевите“ не му дозволија на Милано да приреди изненадување, Олимпијакос го реши Бамберг

Олимпија од Милано беше на прагот да направи уште едно изненадување, но уште еднаш Серхио Љуљ беше на вистинското место во вистинското време за да го спречи тоа. Реал Мадрид славеше над гостинот од Италија со (22-18, 24-31, 23-24, 22-12).

Домаќините беа расположени за игра во првиот период, но минималната предност како да не ги мотивира доволно за да продолжат со стабилна игра и во вториот период. Милано беше желен за победа која би го одвоила од друштвото на дното на табелата и кошаркарите на италијанскиот клуб го демонстрираа тоа на теренот. Од 12. минута резултатот беше во корист на гостинот, а во последните неколку минути беше егал (85-85). Во моменти кога одбраната требаше да биде адут, Радуљица не успеа да го спречи Љуљ кој постигна поени во вистинското време за да ги мотивира своие соиграчи. Ајон и Лука Дончиќ беа прецизни во наредните 30 секунди правејќи шест поени предност (91-85, највисока разлика). Со само 30 секунди до крајот гостите не можеа да се надеваат на нов пресврт.

Љуљ беше одличен со 20 поени и девет асистенции. Двоцифрени беа уште и Дончиќ со 17 поени, Керол псотигна еден помалку. Отело Хантер запиша 12 поени зад своето име, Ајон два помалку. За Милано најрасположени беа Крунислав Симон со 20 поени, Мачван со 13 и Радуљица со 12 поени.

olimpijakos

Четврто коло по ред Бросе Бамберг не може да запише победа во Евролигата, а последен клуб кој е виновен за овој негативен резултат е Олимпијакос. Црвено-белите од Пиреја славеа на домашен терен против германскиот клуб со 83-77 (24-13, 17-19,24-24, 18-21) запишувајќи ја 14. своја победа во тековната сезона.

Уште на почетокот на натпреварот разликата помеѓу квалитетите на двата состави беше евидентна. Искусниот Спанулис знаеше како да ги проследи топките кон своите соиграчи (шест асистенции), но имаше и добар шутерски ден (15 поени) Бирх повторно беше негова поддршка со ист број на поени, Лојески и Папаниколау по два односно три поени помалку. Кошаркарите на Бросе Бамберг се разбудија во вториот дел на натпреварот и заигра далеку подобро, но веќе беше предоцна да се брка негативата.

Се вчитува...