Реал Мадрид тргнува во офанзива по Миралем Пјаниќ. Босанскиот интернационалец е голема желба на тренерот Зинедин Зидан кој сака да го реновира средниот ред. Од „Сантијаго Бернабеу“ најверојатно ќе си заминат Лука Модриќ и Тони Крос, а според замислите на Зидан токму Миралем Пјаниќ треба да ниде главниот креатор на играта на „кралевите“ следната сезона.
Сепак, ангажманот на Босанецот нема да биде нималку лесна задача. Реал Мадрид е подготцен да понуди 75 милиони евра за одличниот играч за врска, а Јувентус засега бара дури 130 милиони евра за да го дозволи трансферот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА