Бразилецот Нејмар заминува од Пари Сен Жермен, а Барселона и Реал Мадрид наддаваат за да се врати во Шпанија. Прашање е каде, дали на „Камп Ноу“ или на „Сантијаго Бернабеу“.
Каталонскиот тим го нуди Фелипе Кутињо и 100 милиони евра, а ПСЖ во размена го посакува Осман Дембеле. Интересна е понудата и на Реал Мадрид. „Кралевите“ нудат тројца фудбалери во мегаразмена за Нејмар.
Зинедин Зидан е подготвен во Париз да ги испрати Иско Аларкон, Рафаел Варан и Марсело. Преговорите продолжуваат…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА