„Кралевите“ останаа со празни раце: Упамекано и Баерн Минхен продолжуваат заедно и во следните пет години

Дефанзивецот на Баерн Минхен и на француската репрезентација Дајо Упамекано, се согласи да го продолжи договорот со Баерн Минхен, и покрај интересот од неколку клубови, меѓу кои и Реал Мадрид.

Според извори од Германија, новиот договор ќе биде продолжен до 2030 година, а дефанзивецот ќе добие дополнителен бонус од 20 милиони евра за продолжување на договорот, а ќе заработува исто толку, односно двојно повеќе од неговата сегашна плата.

Упамекано со тоа ќе го заземе четвртото место на листата најплатени играчи на клубот. Кејн има плата од 25 милиони, додека Мусиала и Кимих имаат по 20 милиони.

Исто така во договорот ќе има и откупна клаузула од 65 милиони евра, а ќе се активира дури летото 2027 година.

Се вчитува...