„Кралевите“ паднаа во Тел Авив, Панатинаикос убедлив со Химки

Реал Мадрид го доживеа и осмиот пораз во Евролигата, откако загуби во 21. коло на гостувањето против Макаби Тел Авив во исклучително драматичен натпревар, со 86-84.

„Кралевите“ ја имаа победата во раце, но дозволија во самиот финиш домашните да дојдат до триумф. Талер Дорси со феноменален ефект од 30 поени го водеше Макаби до победата, додека кај Реал најефикасен беше Треј Томпкинс со 20 поени.

Кошаркарите на Панатинаикос убедливо славеа против руски Химки со 90-77, во натпревар во кој грчкиот тим доминираше од првиот момент.

Претходно, Зенит славеше против Анадолу Ефес со 85-78.

Се вчитува...