„Кралевите“ поради Хујсен направија нешто за првпат во историјата

По сезона во која само со Барселона прими 16 гола (на четири меча), јасно беше на што ќе се фокусира Реал Мадрид во преодниот рок.  „Кралскиот клуб“ никогаш во својата историја не издвоил повеќе од 50 милиони евра за еден дефанзивец, до сега.

Пред пет сезони Мадрид ги потроши тие пари за да го донесе Милитао. За Хујсен, Реал ја надмина таа сума за прв пат во нивната 123-годишна историја, откако ќе му платат на Бормут 58 милиони (плус бонуси) за 21-годишниот дефанзивец.

Неофицијалната политика на Мадрид е да издвојува астрономски суми само за офанзивните играчи, ретко и речиси никогаш за дефанзивните играчи, за кои имаа поинаква политика, или ги наоѓаа во своите редови или доведуваа играчи на кои им истекуваа договорите. Дебаклот во тековната сезона очигледно го принуди Флорентино Перез да посегне подлабоко во џебот за играч чија примарна задача е да го брани својот гол.

Така, 21-годишниот Хујсен стана најскапиот дефанзивец во историјата на клубот.

Се вчитува...