Кошаркарите на Реал Мадрид го доживеаја и вториот пораз во 4. коло од Евролигата на гостувањето против Анадолу Ефес. Турците славеа убедливо со 76-60, во натпревар кој беше решен благодарение на одлично одиграното второ полувреме на домашните.
Во израмнети први две четвртини кои ги одбележаа цврста одбрана на двете страни, Реал Мадрид замина со два поени предност на полувремето од 29-31. Но, во второто полувреме тотална доминација на Анадолу Ефес кој играше одличен напад, па сосема заслужено стигна до победата со 16 поени разлика (76-60).
Најдобри во триумфот на Анадолу Ефес беа Крунослав Симов и Брајан Данстон со по 17 постигнати поени, а кај Реал Мадрид се издвои Серхио Љуљ со 14 постигнати поени.
Панатинаикос дојде до втората победа сезонава, славејќи со 79-89 на гостувањето против Зенит во Русија.
Најзаслужен за победата на грчкиот тим беше Џимер Фредит со 22 поени, а 17 поени постигна Томас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА