Реал Мадрид и во вториот меч ја совлада Џирона со 1-3 и се пласираа во полуфиналето на Купот на Шпанија. Во првиот дуел на „Сантијаго Бернабеу“, тимот на Солари славеше со 4-2.
Карим Бензема ги постигна првите два гола. Погоди во 27. и во 43.минута. Педро Поро намали на 1-2, но Љоренте постигна трет погодок за „кралскиот клуб“ за конечен триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА