Европскиот клупски првак Реал Мадрид се вмеша во трансферот на Осман Дембеле во Барселона. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, одлучи да не дозволи така лесно ривалот од Каталонија да стигне до услугите на талентираниот фудбалер од Борусија Дортмунд, па и тој испрати официјална понуда за него до германскиот бундеслигаш.
Перез се надева дека ќе искористи дел од добрите релации што го има со раководството на Борусија Дортмунд и ќе успее Осман Дембеле да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа би била нова голема победа за „кралевите“ во вечната борба со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА