Реал Мадрид оствари очекувана победа на гости против Лас Палмас (0-3) иако на денешниот меч во Ла Лига тренерот Зинедин Зидан не сметаше на најдобриот состав. Не настапија дел од ѕвездите како Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Марсело, но и останатите беа доволни за рутински триумф.
Герет Бејл го постигна водешкиот погодок за „кралскиот клуб“ во 26.минута. Потоа Карим Бензема од пенал зголеми на 0-2 пред полувремето, а во вториот дел имаш уште еден удар од белата точка за Реал Мадрид. Овојпат реализатор беше велшкиот интернационалец Бејл, за конечни 0-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА