Европскиот првак Реал Мадрид ја разгледува можноста за ангажман на германскиот репрезентативец Леон Горецка. Тој импресионираше со своите игри во дресот на „панцирите“ на Купот на Конфедерациите, па тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, побарал од раководството на клубот да се обиде да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. Се работи за одличен играч за врска, кој многу често знае да се уфрли и во завршницата и да постигне погодок.
Горецка е член на Шалке 04 и за него уште од поодамна интерес појави и Баерн Минхен. За него „кралевите“ се подготвени да платат 30 милиони евра и да го доведат како засилување ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА