„Кралевите“ се изнамачија, ама му подарија деби триумф на Солари во Ла Лига

Реал Мадрид долго се мачеше, но успеа да оствари триумф (2-0) против Валјадолид на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа е дебитанска победа во Ла Лига за Сантијаго Солари, кој го наследи Хулен Лопетеги на клупата како привремено решение.

„Кралевите“ повторно немаа многу решенија во нападот, Бејл беше очаен, а Марко Асенсио делуваше загубено на теренот. Во финишот шанса доби младиот Бразилец Винисиус кој шутираше кон голот во 83.минута, а топката од телото на Кико Оливас отседна во мрежата на гостите. Само пет минути подоцна, Серхио Рамос од пенал го постави конечниот епилог на мечот.

Се вчитува...