Европскиот првак Реал Мадрид оваа сезона игра далеку под очекувањата, а веќе настрада тренерот Хулен Лопетеги. Како привремено решение е поставен Сантијаго Солари, а претседателот Флорентино Перез е во потрага по нов стратег кој би можел да заведе ред во соблекувалната. Досега откажаа Антонио Конте и Маурисио Покетино, и тоа откако добија знак од капитенот Серхио Рамос дека проблемите во тимот се многу посуштински.
Шпанските медиуми откриваат дека сепак најголемиот проблем се парите. Токму Серхио Рамос и официјално најдобриот светски фудбалер за минатата година, Лука Модриќ, му љубоморат на Герет Бејл. По заминувањето на Кристијано Роналдо, Велшанецот е најплатениот фудбалер во „кралскиот клуб“ со 15 милиони евра по сезона. Рамос заработува 12 милиони евра, а Модриќ „само“ 8 милиони евра, и тоа причината за раздорот во соблекувалната.
Од друга страна, Бејл ниту од далеку со своите игри не го оправдува епитетот најплатен „крал“, па тоа е главна тема во соблекувалната на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА