Реал Мадрид во голема драма го загуби големото финале на Копа дел реј од Барселона, со примениот гол од Жил Кунде во 115. минута. „Кралевите“ на крајот сепак ги загубија нервите… од судијата, по една одлука во 120. минута да биде досуден прекршок од Килијан Мбапе додека Французинот тргнуваше во напад кон противничкиот шеснаесетник.
Фудбалерите полудеа од бес, Ридигер доби и директен црвен картон и едвај беше задржан од член на стручниот штаб на Анчелоти да не влезе во физички контакт со главниот судија, додека Винисиус фрлаше со предмет кон судијата…
Навистина трагично однесување на фудбалери на клуб кој важи за најголем во светот….
Бурната реакција на Ридигер, кој едвај беше задржан од еден од асистентите на Анчелоти, можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Antonio Rudiger is sent off the pitch!
pic.twitter.com/wUsZXlPGDi
— Running Rüdiger (@RudigerRunning) April 26, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА