Реал Мадрид забележа убедлива победа над Депортиво Ла Коруња со 7-1 и најави дека полека влегува во препознатливата форма. Иако одбраната на титулата е речиси загубена, „кралевите“ до крајот ќе се борат за својата чест, како и за пласман во Лигата на шампионите.
Адријан Лопез прв ја отвори серијата голови на „Сантијаго Бернабеу“, а израмни Начо во 32.минута. Герет Бејл донесе предност за Реал Мадрид пред полувремето.
Во вториот дел, вистинска ревија на погодоци на домашниот состав. Бејл постигна уште еден гол, потоа стрелаше Модриќ, Кристијано Роналдо два пати се запиша меѓу стрелците, а серијата ја затвори оној кој ја отвори, дефанзивецот Начо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА