Реал Мадрид без никакви проблеми дојде и до втората победа на стартот од сезоната во Евролигата, во 2. коло триумфирајќи убедливо со 80-103 против Анадолу Ефес.
„Кралевите“ тешко го почнаа мечот со израмнета игра низ првите 15 минути, но потоа се презедоа во свои раце и на полувремето заминаа веќе со предност од 41-55.
Во второто полувреме само рутински ја одржуваа и зголемуваа предноста за конечна победа.
Јабуселе со 22 поени и осум скока беше предводникот на Реал Мадрид до победата во Турција, а Томпсон со 20 поени беше најдобар поединец кај Анадолу Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА