„Кралевите“ се повторно на свое…ја преслушаа Валенсија

Реал Мадрид конечно одигра во свој стил и успеа да оствари важна победа над Валенсија (1-4) на „Месталја“ доближувајќи се на два бода негатива во однос на денешниот ривал, во трката за третото место на табелата во Ла Лига. По елиминацијата од Купот на Шпанија, „кралевите“ сепак потсетија дека се уште се актуелни европски и светски клупски прваци.

Кристијано Роналдо во првото полувреме реализираше два пенали за водство од 0-2, а Валенсија успеа да намали со голот на Санти Мина. Но, Марсело и Тони Крос во финишот донесоа убедлив триумф за Реал Мадрид на овој меч.

Се вчитува...