„Кралевите“ се премислија, наместо Конате ќе го доведат неговиот сонародник

Реал Мадрид веќе неколку години наназад влече одлични потези на пазарот, носејќи врвни засилувања како слободни играчи, без притоа да биде платена отштета на нивните клубови.

Приоритет на тренерот Чаби Алонсо и претседателот Флорентино Перез е следното лет на ваков начин да биде засилена одбраната, долго се шпекулираше дека веќе е постигнат и преддоговор со Конате од Ливерпул како што тоа беше случај со Александер Арнолд во текот на минатата сезона, но пследните информации говорат дека „кралевите“ во меѓувреме ги промениле плановите.

Конате почна со серија грешки од стартот на сезонава, што беше причина Алонсо да го насочи вниманието кон неговиот партнер од францускиот национален тим, Дајо Упамекано. Овој дефанзивец има уште осум месеци од актуелниот договор со Баерн Минхен, преговорите за продолжување на соработката се блокирани, а „кралевите“ ссе решени да ја искристат ситуацијата и да го доведат Упамекано на „Сантијаго Бернабеу“.

Француските медиуми тврдат и дека е постигнат преддоговор со асот на Баерн, кој веќе нема намера да преговата со баварците пресекол – следното лето да се пресели во редовите на најтрофејниот европски клуб.

Се вчитува...