Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа само реми без голови 0-0 против Реал Сосиедад на домашен терен во дербито на 19. коло во шпанската Ла лига и со тоа и дозволија на Барселона да побегне пет бода на првенствената табела.
„Кралевите“ одиграа одлично прво полувреме, но не успеаја да ја материјализираат одличната игра. Имаа неколку убави шанси кои не ги реализираа, а најдобра беше онаа на Карим Бензема во 35. минута.
Во вториот дел избраниците на Карло Анчелоти и понатаму продолжија со притисокот, но храбрите гости од „Сан Себастијан“ успеаја да извлечат бод на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“.
Benzema chance after nice build up play by Vini Jr and Rodrygo (RMA 0-0 RSA 35')
byu/ZZ3peat insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

