Европскиот клупски првак Реал Мадрид ја заврши турнејата во Соединетите Американски Држави и денеска се врати во Мадрид. Во својата база ќе ги извршат последните подготовки пред доаѓањето во Скопје, во пресрет на Суперкупот на Европа, кој ќе се одигра на 8 август. „Кралевите“ ќе ги одмерат силите со победникот во Лигата на Европа, тимот на Манчестер јунајтед.
„Задоволен сум од реализираните подготовки. Сега останува да ги направиме последните анализи, затоа што сезоната за нас почнува за пет дена. Не очекува Суперкупот на Европа, трофеј што секако сакаме да го освоиме“, изјави тренерот Зинедин Зидан.
???? #RMTour¡De vuelta a Madrid!Back in Madrid!#HalaMadrid pic.twitter.com/T933vf5Hpn
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 3, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА