„Кралевите“ се закон во Мадрид

Реал Мадрид го доби градското дерби (1-3) против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ и се искачи на втората позиција на табелата во Ла Лига, со бод повеќе во однос на „јорганџиите“. Тимот на Сантијаго Солари сега има пет бода негатива во однос на лидерот Барселона, кој утре му гостува на Атлетик Билбао.

Кашемиро во 16.минута донесе предност за „кралскиот клуб“, а Антоан Гризман успеа да израмни во 25.минута. Сепак, пред полувремето Реал Мадрид повторно поведе. Капитенот Серхио Рамос од пенал ја погоди мрежата на Атлетико Мадрид. Дербито го карактеризираа и неколку одлуки со ВАР – системот.

Во вториот дел, Сантијаго Солари направи одличен потег со внесувањето во игра на Герет Бејл, кој по проигрувањето од Лука Модриќ егзекутираше и го постави конечниот резултат. Во финишот, Атлетико Мадрид играше и со играч помалку поради исклучувањето на Томас Парти.

Се вчитува...