„Кралевите“ си се кралеви: И третпат по ред – светски клупски шампиони!

Реал Мадрид сосема очекувано стигна до третата едноподруго светска клупска шампионска круна откако во финалето на ФИФА Светскиот куп кој се играше во Обединетите арапски емирати славеше против Ал Аин со 4-1.

„Кралевите“ во Абу Дабу само лесно потврдија кој е кој во светскиот фудбал триумфирајќи против тимот предводен од хрватскиот стратег Зоран Мамиќ.

А, победата на Реал Мадрид ја најави најдобриот светски фудбалер Лука Модриќ со прекрасен гол по шут од 18 метри во 14. минута.

Во второто полувреме, Љоренте во 60. минута зголеми на 2-0, а Серхио Рамос на асистенција на Модриќ во 79. минута зголеми на 3-0.

Откако Ал Аин намали на 3-1 преку Шиотани во 86. минута, Надер со автогол во 91. минута само ја потврди убедливата победа на европскиот гигант кој и трета година по ред доминира и на светската клупска фудбалска сцена.

Се вчитува...