Актуелниот европски првак Реал Мадрид со предност од два гола ќе патува за Неапол, откако го совлада Наполи со 3-1, во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Иако италијанскиот тим прв поведе, сепак, „кралевите“ успеаја да стигнат до триумф кој ги носи блиску до пласман во следната рунда од елитното европско натпреварување.
Лоренцо Инсиње го замолкна „Сантијаго Бернабеу“ откако изведе мајсторија во осмата минута, шутирајќи луцидно од 35 метри далечина, фаќајќи го на ’крива нога’ Кејлор Навас. Но, Карим Бензема со удар со глава израмни во 19.минута од средбата.
Во вториот дел, Тони Крос донесе водство од 2-1 во 49.минута по одличната асистенција од Кристијано Роналдо, а шест минути подоцна Кашемиро упати „бомба“ кон голот на Реина зголемувајќи на 3-1.
Мертенс имаше убава шанса за да намали, но не беше прецизен, па „кралевите“ остварија значаен триумф пред реваншот во Неапол.
All Goals Highlights HD Real Madrid 3-1… by LiveGoalsTV
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА